Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Свет Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Опозицијата со кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници, најавени контра кривични


Тринаесет членки на ЕУ постигнале договор за таканаречените ковид пасоши кои во време на пандемија треба да го олеснат протокот на туристи. Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија се договорија за седум критериуми за издавање „зелен пасош“ кој би требало да се најде во промет најдоцна до почетокот на јуни.

„Наша цел е „зелениот пасош“ брзо и по можност во единствен формат да биде применлив на ниво на ЕУ.“ - изјави Елизабет Коестингер министерка за туризам на Австрија.

Британија презема уште еден чекор кон олеснување на ограничувањата бидејќи опаѓа бројот на инфекциите од коронавирусот, а мнозинството од возрасните жители добиле барем една доза на вакцина против Ковид-19. Сите продавници можат повторно да отворат. Луѓето ќе можат да одат на фризер, а членовите од истото семејство од 12 април ќе можат да одат на одмор. Спортските сали, базените, библиотеките и зоолошките градини, исто така можат повторно да отворат. Рестораните и баровите ќе можност да ги служат клиентите, но само на отворено. Британскиот премиер Борис Џонсон планира да прослави со пиво во паб на отворено.

„Ова е голем чекор напред во нашиот патоказ кон слободата, но треба претпазливост и одговорно однесување.“ - изјави Борис Џонсон премиер.

По повеќемесечна блокада и Чешка од денеска ги отвори библиотеките, училиштата, зоолошки градини и некои продавници. Шестмесечната вонредна состојба во Чешка, која е една од најпогодените во Европа од ковид-19, истече на полноќ, со што се укинаа полицискиот час и забраните за патување меѓу регионите.

Откако на 1 април во Словенија беа воведени строги епидемиолошки мерки, денеска се укина полицискиот час и се отворија училиштата. А, Со чартер лет, 189 туристи од Холандија, пристигнаа на грчкиот остров Родос, како дел од експеримент и пилотска програма во пресрет на новата туристичка сезона.