Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Интервју со композиторот Златко Ориѓански и режисерот Александар Поповски


Во трка по датум, Северна Македонија станува нумеричка држава. Ќе има ли ветинг и зошто Вангеловски останува и натаму заштитена мечка? Дали октормври е загарантирам датум за конечно отворање на преговорите со Европската Унија или повторно ќе има пролонгирање?


Корупцијата го еродира економското и политичкото тело на државата. Обвинителството инертно, а СЈО не гони системски случаи во круговите со висок политички профил, оценка на ГРЕКО, тело при Советот на Европа. До кога корупцијата и криминалот ќе бидат рак-рана за македонското општество? Дали пребукираната администрација и државните служби се гнездо за отпор на корупцијата и зачувување на позицијата која им обезбедува материјални привилегии. До кога ќе имаме партизирана и политизирана администрација? Дали имаме гломазна Влада и дали е неопходно толкав голем тим советници кај премиерот. Чекајќи го возот за ЕУ, Македонија се празни, како да се стави крај на егзодусот со млади кадри? 

Во Фактор-магазин гостуваат универзитетските професори, Драган Гоцевски, Ана Павловска-Данева и Марија Топузовска.


Северна Македонија напред, Албанија стоп. Каква е вистината околу европската перспектива на Балканот во Унијата? По Брисел, во Скопје први знаци на јавен европскептицизам. Дли новото име на државата го отвора  и признавањето на МПЦ во светото на православието? Како Поа со Вранишковски и Давид може да бидат лобисти на МПЦ во деблокада на српските барикади?


Пендаровски и Заев во Брисел и Берлин го однесоа и внатрешниот политички багаж. Ветениот оптимизам од Унијата се заменува со реални прогнози. Евродипломатите се соочуваат и со пречуствителна реторика кај македонските политичари. Германскиот амбасадор меѓу надежта дома и предизвиците надвор од Северна Македонија. Платата не е единствениот мотив за егзодусот на младите. Какво образование добија и со какви вештини се побогати од европскиот пазар на работна сила?


Северна Македонија по датум за преговори во Брисел. Тоа е последниот влог на Јункер и Хан. Заев во нивна прегратка. Неизвесноста продолжува - дали новата влада на Унијата ќе го сака проширувањето. Македонски колорит – националистички набој кај младите навивачите. Како возрасните и традициите ги негуваа различностите? Кој го поттикнува говорот на омраза?


Во неделата на европските избори и ден за Ммакедонија. Последниот извештај од Брисел нова надеж во Скопје. Корупцијата и непотизмот ја еродира и владата на Заев. На ред се министрите. Кога и дали премиерот ке се ослободи и од политичките и семејните династии, писателските и бизнис профитери? Кои ќе бидат новите амбасадори.? Прв предизвик за коахаботацијата помеѓу Пендаровски и Заев.


Заев и Ахмети во клинч. Прочистување или метла – краен ефект реконструкција на Влада и директорски смени. Дали е време за нов морален код за политичарите. Зошто оставки на министри во Австрија, Бугарија, Хрватска, само македонските политичари имуни на сопствена одговорност. Многу универзитети слаба понуда на квалитетни кадри.


Колку дипломатските пораки од европските метрополи ги отрезнува властите во Скопје? По серијата интервјуа со амбасадорите на Франција, Холандија и Германија, идентични погледи и од Рим. Повеќе реформи - помалку навивање. И Мицотакис како премиер ќе го почитува договорот Ципрас - Заев. Грчки универзитетски професор со проценка, најмалку една декада за влез во Европската Унија. Нови погледи за старите македонски амбиции, покана за прием во ЕУ.


Скопје со надежи, Берлин и Париз со стивнување на страстите за домашните политичари. Дали Македонија ќе се одлепи од Албанија и покарј големиот влог на Заев во Преспанскиот договор? Судството и корупцијата и натаму сериозно го еродираат опшеството. СЈО треба да ги заврши сите отворени процеси. Германскиот амбасадор и за повторното влегување на Вволксфаген на балканот. Кого ќе изберат? Ден по папата – различни народи има во Македонија и Бугарија. Кои се бенефитите од ватиканскиот челник – нов интерес за Македонија во светските кругови. Фактор магазин со Горазд Чомовски и неговиот неделен преглед.