Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

ЕвропаТ


Европско помирување и меѓусоседски предрасуди. На грбот на старата дама многу спорови оставија печат. Кои искуства ги делат Загреб и Љубљана и дали Хрватска може да се соочи со блокада од Словенија во однос на шенген зоната? Како ЕУ членките гледаат на своите соседи? И дали ќе има светлина за европското проширување? Додека ЕУ брза напред кон новите светски трендови, во балканската политика работите се движат со брзината на пајтоните, заглавени во средниот век.

Гледајте Европат со Лепа Џундева во сабота по вестите во 17 часот.

 


Пјер Мирел екс директор за проширување на Европската Комисија, Флорент Марсиак од Австро - францускиот центар за приближување во Европа и Драган Тилев државен советник во Секретаријатот за европски прашања, гости во новото издание на ЕВРОПАТ. 


21-от век донесе глобална закана за војна со природата. Климатските промени ни тропнаа на врата.

Светските лидери реагираат, Oбединетите Нации алармираат. Дали природата го слушна гласот на тинејџерката Грета Тунберг?

Европската Унија отвори нова книга, а на белиот лист испиша нов зелен договор за спас на планетата земја. Време е за нови навики. Македонија повторно заостанува со светските трендови.

Зошто во земјата неплански се гради и што е поважно од здравјето на граѓаните? Дали Македонија ќе ги отфрли старите лоши навики и ќе се придвижи напред кон европскиот зелен воз или само ќе остане да сонува зелено?


Додека новите светски трендови ја менуваат глобалната политичка сцена, ЕУ е во офанзива на реновирање дома.

Се кршат старите европски ѕидови и се отвораат нови врати. Но кој помага, а кој одмага?

Зошто земјите членки не гледаат подалеку од сопствената черга и колку се злоупотребува моќта на ветото?

Во куќата на „старата дама” се гради ново единство, но Западен Балкан е повторно оставен во дворот. А на Балканот ништо ново. Меѓусоседски проблеми и европски аспирации.

Зошто Грција стои настрана од спорот Скопје - Софија? Дали Западен Балкан ќе зачекори напред пред да се реши српско-косовскиот спор и каде е местото на Македонија?


Пописот низ светски, европски и македонски стандарди. Зошто пребројувањето на населението од статистика стана политика? Што порачува евростат а не стигнува до ушите на македонските политичари? Дали политичкото разногласие дома е магнет за провокации од соседите? Светските примери не ја бројат дијаспората. Кој прави поголема штета за македонскиот евроинтегративен пат - ветото од членките на ЕУ или кредибилитетот на операцијата пребројување ? Македонија пред нови предизвици. Ќе ја оправда ли довербата?