Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Дали крупните промени ќе чекаат подобри денови?


Зоран Заев бара чист мандат, Христијан Мицкоски поддршка за „Обнова на МК“, Брисел пак се обидува да ја поправи грешката на Емануел Макрон. Европското „НЕ“ предизвика политички земјотрес во земјава - уште едни предвремени избори на прагот, како стигна до тука, виновен ли е само Макрон, дали пред Самитот во мај во Загреб избори беа потребни?

Во 24 Анализа  потпретседателско соочување на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ и Мухамед Зекири од СДСМ.


На 12 ти април – предвремени парламентани избори. Грешката на Брисел донесе политичката криза во земјава. На 3ти јануари Заев ја напушта премиерската функција – на чело на техничка влада ќе застане технички премиер по моделот на Пржинскиот договор. Претстојните предвремените избори како нов рефрендум – граѓаните ќе одлучуваат по кој пат ќе тргне Македонија. Заев и Мицкоски на изборниот мегдан ќе ги соочат своите концепти. Со каква реторика политичките опоненти ќе ги мобилизираат неопредеените и ќе се обидат да ги задржат определените?
 
За претстојното политичко цунами дебатираат новинарите аналитичари Оливера Трајковска, Насер Селмани и Љубиша Николовски.

Македонија во 21от век повторно е јаболко на раздорот помеѓу тврдото француско „не“ и помекото германско и со последните изјави европско „да“. Можно ли е чудо во Брисел и доколку тоа не се случи кои се последиците за Македонија со оглед дека прогнозите се многу песимистички.

Во 24 анализа дебатираат поранешниот амбасадор во Франција Агрон Буџаку, поранешниот амбасадор во Виена Огнен Малески и поранешниот амбасадор во Европската Унија Андреј Лепавцов.


Македонија направи се, државата направи и повеќе од тоа, го смени името и Уставот како единствена пречка за почеток на преговорите со Европската Унија, но датумот повторно не е сигурен. Ризикува ли Брисел да ги изгуби сите симпатии во земјава, доколку нема датум дали треба да се размислува за нова државна политика без Европа.

Дебата со поранешните пратеници и сегашни аналитичари, Александар Пандов и Павле Богоевски.


Меркел го убедува Макрон – дали Франција ќе постави барикада за Македонија пред вратите на Европската Унија? Дома до последен момент државното лидерство е со оптимизам дека датум за почеток на преговори ќе има. Со или без датум – каде и како ќе чекори економијата? Колку сме далеку од европските плати, стандардот, квалитетот на живот. Дали сме подготвени за европското цунами – продуктивни и платени работници, конкурентни компании и дисциплинирана фискална политика.

Во предворје на денот Д – дебатираат Ванчо Узунов, универзитетски професор, Мирче Јовановски, новинар - аналитичар и Горан Рафајловски, консултант – стопанственик.


„Рекет“ – надграден и проширен, а во мрежата на „Меѓународен Сојуз“ падна и актуелната потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски - се сомничи дека дала авторитет на проектите со кои Бојан Јовановски зел речиси 1.000.000 евра од двајца бизнисмени.

Ременски тврди дека е невина.

Паралелно за првиот дел од аферата поднесено и обвинение – Катица Јанева е и официјално обвинета.

Ќе може ли судството да се носи со една од најголемите коруптивни афери во земјава?

Дебатира адвокатот Звонко Давидовиќ од адвокатската канцеларија што ја застапува Јасна Мандиќ, потпретседателката на НВО на Боки 13, која од синоќа е во домашен притвор, адвокатот и поранешен судија, Валентин Зафиров и адвокатката, Ружица Николовска.

24 Анализа со Душица Мрѓа.


Лидерот на Алијансата за Албанците кажа дека има бомба за Бујар Османи во „Рекет“, но јавноста не ја слушна, ќе ја каже ли сега Зијадин Села? Алијансата за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираа коалицијата во советот на Гостивар, ке може ли Зијадин Села да им каже на Албанците дека ке коалицира со Мицкоски во целата држава. Алијансата предлага јавниот обвинител да биде странец, остварлива ли е идејата?

Разговараме со Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците.


Пребројување во редовите на администрацијата – кој и под какви услови државната канцеларија и плата ќе ги замени со работа во приватниот сектор? Што ќе понуди Владата, а што е прифатливо за бизнисот од операцијата транфер на административци. Граѓаните бараат квалитетен државен сервис – Владата ги зголеми платите на буџетарите за нови 5 проценти. Дали е на повидок невозможна мисија – контингент на админитративци да се збогуваат со државна работа и да преминат во приватниот сектор.

На иста маса, власта, синдикатот и бизнисот, аргументите ги соочуваат: Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, Пецо Грујевски, Синдикат на управата и правосудството (УПОЗ) и Неби Хоџа, претседател на Стопанска комора на Северозападна Македонија.


Владата одбројува до датум за старт на преговорите, од Елисејската палата никако да излезе бел чад, молчалива и Холандија, опозицијата пак воздржана - колку датумот и овојпат ќе биде чист и без дополнителни услови и рамки.
 
Ќе ги стартува ли земјава преговорите или пак повторно ќе има „датум за датум“.
 
Колку бугарските закани, и грчките пораки околу толкувањето на обврските превземени од договорите со нив – најавуваат дополнителни проблеми на патот кон Брисел за кои Владата велеше дека се решени со потпишувањето на договорите, работи ли опозицијата против националните интереси во преговорите со власта за законот за ЈО, се оправда ли власта вчера пред амбасадорите зошто како што велат и самите законот не е алармантен за носење?
 
Во 24 анализа дебатираат Бојан Маричиќ, советник во Владата за европски прашања и технички преговарач со ЕУ и Антонијо Милошоски, поранешен министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.