Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

МПЦ ја отфрла иницијативата за менување на датумите и празнување на празниците


Афери, контроверзни информации, скандали, човекот кој објавува тајни за кои другите молчат, дојде во нашето студио. Беше тепан, осомничен, обвинет, апсен и затворен, но објавите не престануваат.

Разговараме со еден од највлијателните луѓе на интернет просторот и социјалните мрежи, Зоран Божиновски.


Амнестија, аболиција или колективна амнезија. До кога превезот врз лицето на Јустиција ќе биде обоен со политичка боја? Ќе спречи ли најавениот ветинг во судството – реприза на скандалот „Рекет“ и некој нов гонач на криминал да заврши како гонет за криминал. Колку клопчето во СЈО, допрва може да одмота нови скандали. Дали жолтиот картон на релација Министерство за правда - судии ќе донесе и некое исклучување?

Во 24 анализа дебата за третата власт без чија независност и професионалност државата и не може да биде држава со Оливер Ристовски - заменик министер за правда и Тони Менкиноски - адвокат и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.


Северна Македонија застана рамо до рамо со НАТО сојузниците на самитот во Лондон. На чекор до официјалната ратификација, земјава де факто влезе во најмоќниот воено политички сојуз на планетата. Дали членството во НАТО ќе биде доволен импулс за чекор напред во отсуство на јасна стратегија за европско членство? Што значи НАТО, дали е најважна воената компонента, или Македонија имаше подобри шанси да оди сама во иднината?

Дебатираме со Петар Богојески, дел од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ кој сега го промовира македонски концепт, Исмет Рамадани, советник на премиерот за интеграции во НАТО и Зоран Василевски, левичарски активист против воените сојузи.


Од денеска минималната плата 14 500 денари. Македонија се одлепи од европско дно според висината на минималецот – но дали бизнисот е подготвен да го понесе товарот ? Повисоки плати за буџетарите, за лекарите, наставниците, зголемување и за пензионерите. Владата се фали со успех – опозицијата критикува. Треба или не да растат платите и пензиите? Кој и како ќе го полни новиот буџет од 3,9 милијарди евра? Дали власта ги слушна пулсот на бизнисот? Од јануари техничка влада, следува ли период на апстинирање и кај стопанството и кај граѓаните? Економската 2019 заминува - на праг на изборната 2020та. Што очекува стопанството, кои се проценките на економисите а што ветува власта.

Дебатираат Кочо Анѓушев, вицепремер за економски прашања Данела Арсовска претседателка на сојуз на Стопански комори и професорката Никица Мојсоска Блежевски.


Изборите за шест месеци, кампањата во полн ек, обвинувања за криминал и контра обвинувања за криминал. Најголемите политички противници не штедат зборови на сметка на оној другиот. Аферата „Рекет“, фрапантните податоции за илјадниците евра кои легнале на сметка на поранешните специјални обвинители за доверливост на информации, кои по автоматизам се доверливи, како и француското вето и се' поголемиот европски скептицизам дополнително ја зовриваат и така зоврената политичка атмосфера. И додека политичарите се навредуваат граѓаните се прашуваат, зошто воопшто да гласаат на 12 април?

Политичко соочување меѓу генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.


Државата е на прав пат или на удолница? Кој сака да вметне етнички зачин во секоја манџа? Оваа Влада ја спаси земјата од црнила велат едни. Други се сомничави во капацитетот на власта да се справи со корупцијата.

Дебатираме со екс-пратеникот Сафет Бишевац и аналитичарот и колумнист, Ненад Јовановиќ.


Со повеќе од 300 амандмани – опозицијата во фронтален напад на Буџетот за 2020 година. Буџетската каса од 3,9 милијарди евра во Собрание – стартуваше дебатата полна со обвинувања и меѓусебни критики. Инфраструктура, патишта, гасификација, железница – капиталните инвестиции догодина – список на желби или реални проекти што ќе се остварат. Кој и колку инвестираше со државни пари? Што сработи сегашната власт и со какви ставови напаѓа опозицијата? На чија страна е вистината?

На првиот ден од собраниската дебата за новиот Буџет, аргументите ги соочуваат министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и Лилјана Затуроска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за транспорт и врски.


Судско-обвинителска војна - чии „валкани гаќи“ излегоа на површина, по острите пораки и закани што едни на други си ги пратија шефицата на обвинителството за организаран криминал Вилма Русковска и судиите. Русковска утре на отчет пред Советот за јавни обвинители – ќе има ли постапка за неа? Прекршени ли беа протоколите во спроводот на Катица Јанева од Шутка до куќниот притвор? Има ли загрозување на човековите права на Бојан Јовановски за кој одбраната тврди дека е во критична здравствена состојба? Ќе ги испере ли валканите алишта во судството најавениот ветинг или повторно се ќе се сведе на предизборен популизам?

Дебатираат Александар Новаковски, адвокат на обвинетиот Зоран Милевски Кичеец и Туше Гошев адвокат и поранешен министер за правда.


Само што ќе помислиме дека работите одат на подобро доживуваме ново разочарување,
ВМРО, СДСМ, СДСМ, ВМРО, 30 години играме по овој ритам, но каде ги грешиме чекорите? Право, правна држава, криминал, корупција, флоскули и фрази кои почнуваат да не значат ништо.

Дебатираме со екс премиерот и лидер на ВМРО Народна Љубчо Георгиевски, кој и самиот беше мета на истите критики.