ЕЛЕМ: Снабдувањето со струја редовно, Грција го исклучи далноводот кон Македонија
Снабдувањето со електрична енергија за тарифните потрошувачи - домаќинствата и помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со потребите.
Од компанијата посочуваат дека во текот на вчерашниот ден е регистриран преку 30 проценти поголем конзум од вообичаениот за предметниот период, а измерената температура за тој период била 15 степени пониска во однос на просекот за последните пет години.
Сите расположливи капацитети за производство на АД ЕЛЕМ се ставени во погон, а дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија кои компанијата редовно ги објавува на својата веб страница се обезбедени на слободниот пазар во согласност со постојните правила и процедури усвоени од Регулаторната комисија за енергетика.
Оттаму нагласуваат деке временските услови од кои се погодени земјите од Југоисточна и Централна Европа, зголемената побарувачка и потрошувачка, како и застојот на повеќе термоенергетски и нуклеарни капацитети во регионот и во земјите од Централна Европа, директно влијаат и на цените на електричната енергија.
„Во текот на вчерашниот ден Република Грција воведе забрана за физички трансакции и го исклучи далноводот кон Македонија, односно не дозволи транзит на енергија. Истовремено, и соседна Бугарија ги разгледувала опциите за затворање на сопствената интерконекција кон соседните земји, посочуваат од АД ЕЛЕМ.
Post new comment