ЕЛЕМ го обвинува Мицкоски за криминал, ВМРО-ДПМНЕ тврди се е чисто

15.04.2018 | 17:11
Прочитано: 4407

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како поранашен директор на ЕЛЕМ во четири очи склучил два договори со компаниите Пелистер и Марковски  за ископ на јаглен во РЕК Битола, во вредност од 10,5 милиони евра.

Сегашниот директор на Електрани на Македонија, Миновски тврди дека истите компании сега работат за помалку пари, па затоа ЕЛЕМ прави ревизија на договорите што ги склучил Мицкоски.

„Споредбено по гигаџул, Пелистер во моментов копа по 87, 8 денари за гигаџул, додека во времето на Мицкоски, копал по 96 денари за гигаџул, а Марковски по 90 денари. Ова е одговорот на нивните прозивки за цената по која сега се врши ископ во РЕК Битола. Еве какви договори склучил Мискоски, која сега го прозива АД ЕЛЕМ.“ - изјави Драган Миновски, директор на ЕЛЕМ.

ЕЛЕМ нема да го поништи тендерот за ископ на јаглен зашто повеќе од седум компании ги исполнувале условите. Бил додаден уште еден услов, за да се  овозможи поголема конкурентност, одговара  Миновски на прозивките на ВМРО ДПМНЕ кои обвинија дека Владата на криминален и нетранспарентен начин, фаворизира компанија блиска до врвот на СДСМ.

„Самата комисија за жалби по јавни набавки, ја одби како неоснована жалбата на еден економски оператор, тврдејќи дека и со такви услови има конкурентност. Ние за да овозможиме поголема конкурентност, додаваме уште еден услов кој може да го исполнат повеќе компании.“ - изјави Миновски.

Миновски се правдаше дека ЕЛЕМ годинава произвела помалку електрична енергија зашто потребата на потрошувачите била помала. Електричната енергија која ја заштедиле наредната недела ќе ја понудат на продажба на слободниот пазар. Од вкупната потрошувачка на струја, седумдесец проценти се произведува во Македонија, а 30 се увезува. 


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.