Експропријација на земјиште платена, но карго аеродром во Штип нема да се гради

20.01.2018 | 17:11
Прочитано: 4204

Карго аеродромот во овчеполието нема да се гради, но тој веќе ги чинеше граѓаните стотици илјади евра. Државата во 2009-та изврши експропријација на околу 500 ха.  Колку платила за метар квадратен и колку пари точно од буџетот отишле за таа намена не добивме одговор од Министрството за финансии  една недела откако го поставивме прашањето.
 
Оваа земја помеѓу селата Ерџелија и Мутафино нема да ги види аеродромските писти, таа и понатаму ќе остане ораница.

Одлуката разочара дел од жителите на овие села. Очекувале нови вработувања и враќање на младите.

„Аеродромот ако се изгради сите млади ќе се вработат, а сега заминаа во странство. Да се направеше аеродромот ќе заживееше истокот“,
„Аеродромот немада се гради, им платија на луѓето за нивите, а сегапак ги обработуваат“, велат анкетираните жители

Земјиштето  што по експропријацијата станало градежно, сега од општина Свети Николе очекуваат  повторно да стане земјоделско, бидејќи најголемиот дел е под систем за наводнување.

„Одлуката на Владатамора да ја почитуваме сооглед на тоа што од друга страна се работи за земјоделско земјиште со најдобра категорија. Се надевам дека светиниколските земјоделци ќе ја обијат оваа почва“, вели Сашо Велковски - градоначалник на Свети Николе

Дека авиони нема да слетуваат кај Свети Николе и Штип, беше јасно уште на стартот. Условот да се гради карго аеродромот ги избрка од тендерот останатите заинтересирани компании за модернизација на аеродромите. Турски ТАВ единствен достави понуда, а подоцна од тогашната Влада доби повеќе отстапки. Од ВМРО-ДПМНЕ во чие време беше склучен договорот велат дека тендерот бил транспарентен.

„Карго аеродромот е проектиран со намера економски да просперира целиот источен регион преку директни вработувања, нова инфраструктура и со бројни индиректни ефекти. Одлуката да не се гради  е само една во низата лоши одлуки на Владата донесена веројатно во нечиј личен интерес“, велат во ВМРО ДПМНЕ

Владата минатата недела донесе одлука да не се гради карго аеродром кај Штип, а парите од турски ТАВ реши да ги троши за канализации.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.