Експерти: Се нарушува природната рамнотежа на Водно

14.09.2018 | 18:43
Прочитано: 2832

Скопјани не треба да забoрaват на благодетта што ја имаат, дека живеат во град во чија близина се наоѓа планина со многу вредни карактеристики, нешто што останатите европски градови го немаат, вели билогот Славчо Хирстовски и посочува дека тоа што нас ни недостига како општество е да се слушаме меѓу себе.

Според професорот, тоа што му се случува на Водно во изманатито период, мора да се гледа како кумулативен ефект, изградбата на жичарата, патот за Сончев град, градежните активности и изградбата на гасоводот, сите заедно нанесуваат непоравлива штата на планината. Тој нагласува дека за изградба на значајни проекти, сопред нашето законодавство  се спроведува постапка за оценка на влијанието на животната средина, законските правила се почитуваат, но проблемот е во нивната имплементација,

„Проблемот е имплементацијата. Во студиите за оценка на влијанието врз животната средина, експертските тимови предлагаат добри мерки, но инвеститорите наоѓаат начини како да не ги имплементираат.“ - вели проф. д-р Славчо Христовски, биолог на Природно-математички Факултет.

На Водно постојат деветстотини видови растенија што претавува значителен број за една мала планина, направени се бројни студии за значењето и вредносота на планината од биолошки аспект.

„Има два вида ендемични видови на Водно. Се среќаваат и растителни заедници кои се значајни за ЕУ“ - вели проф Христовски.

Според професорот, државата и другите надлежни ниституции  за проекти како што е гасоводот мораат да го слушаат гласот  и мислењето на граѓаните и еколошките здруженија и да најдат компромисни решенија.


Јасмина Спасовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.