Екс сопствениците на „Саса”, „Злетово”, „Тораница” и на „Фени” ја тужат Македонија

15.03.2018 | 12:16
Прочитано: 4107

Владата ќе треба да се брани во три мултимилионски арбитражни постапки кои против Македонија ги повеле поранешните сопственици на рудниците Саса, Злетово и Тораница, како и на комбинатот Фени. На вчерашната седница Владата избрала меѓународни адвокатски куќи кои ќе ја застапуваат Македонија пред арбитрите во странство. Формирано е и координативно тело кое ќе треба да ги следи постапките.

„Во минатото постоела одредена некоординираност во рамките на интитуциите на системот и поранешната влада односно се доцнело со одговори и истите биле процесирани без системски пристап. За да ја избегне оваа ситуација формирано е Координативно тело.“

Од Владата не откриваат детали за арбитражните постапки. Велат дека се постапува претспазливо за да не и се наштети на државата. Но, што до сега знаеме за овие три случаи.

Кунико Ресорсис, поранешниот сопственик на Фени, поведе арбитражен спор кон крајот на минатата година. Нема детали што се спори, но шпекулациите се дека компанијата е незадоволна зашто не и се признати сите побарувања во стечајната постапка на Фени. Владата во февруари ја избра интернационалната адвокатска куќа Вајт анд Кејс да ја брани Македонија во Вашингтон.

Вториот случај е од Блажо Тасев и продажбата на рудникот Саса. Спорот е стар повеќе од 14 години. Тасев е словенечки бизнисмен со македонско потекло кој водеше судски спорови околу приватизацијата на рудникот и тврдеше дека доживеал неправда.
Третиот арбитражен спор е на британската компанија Бинани која имаше концесија за експлоатација на рудниците Злетово и Тораница.  Против нив, Македонија ќе ја застапува адвокатската куќа Орик, филијала Дизердолф.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.