Економски раст

10.10.2018 | 17:42
Прочитано: 862

Народната банка воздражана, ММФ и Светска банка песимисти, само владата оптимист дека проектираниот раст од 3,2 отсто за годинава може да се оствари. По премиерот Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев не гледа дека економијата оди надолу, туку нагоре. Вели првпат растот е одраз на реалната економија, бидејќи не го направила државата со вештачки проекти.

„Не би се согласил дека економијата оди надолу. Бројките кажуваат спротивно. Минатата година имавме негативен раст, после тоа првиот квартал не беше најдобар, но вториот во 2018 спореден со вториот од 2017 имаше раст од 3.1%.“ - вели Кочо Анѓушев вицепремиер.

Наспроти владиниот оптимизам Народната банка потврди  дека растот на економијата потфрлил во првата половина од годината.  Воздржани се за попрецизна оцена, но оптимисти се дека ќе продолжат поволните движења во економијата.

„Растот на БДП за првата половина од годината е послаб од очекуваниот, главно заради привременото запирање на дел од поголемите проекти во рамки на јавните инфраструктурни инвестиции. За третиот квартал, при ограничен обем на расположливи податоци, засега не може да се даде попрецизна оцена за состојбата во економијата, но сепак, најголемиот дел од високофреквентните податоци упатуваат на продолжување на поволните движења во економијата и во овој квартал од годината“. - сооопшти НБМ

Новата политичка криза во земјава ги растревожи и бизнисмените. Велат секако дека економијата трпи, но не можат да прогнозираат што ќе се случува до крајот на годината. Бараат полесен пристап до банкарските кредити, соработка со факултетите и повеќе индустриски зони.

„Секоја неизвеснот влијае, економијата е подложна на такви влијанија и сакаме што побрзо да се разреши и да знаеме каде ќе бидеме утре.“ - вели Трајан Ангелоски, член на У.О на ССК.
 
Мегународниот монетарен фонд во есенскиот извештај ги намали проекциите за раст на македонската економија за годинава на 1,6 насто. Надолна корекција направи и Светска Банка според која растот на БДП  ќе биде 2,5 насто. Во ноември се очекуваат проекциите на Централната банка кои треба да покажат дали е оправдан владиниот оптмизам за раст на домашната економија за годинава од 3,2 насто.


Александра Филиповска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.