Египетски археолози пронашле „порака од задгробен живот“

28.02.2018 | 14:42
Прочитано: 5468

Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека во близина на градот Миња по долината на Нил, јужно од Каиро, е откриена древна некропола.

Научниците соопштија дека се пронајдени околу илјада статуи и 40 саркофази кои потекнуваат од 664. и 332. година пред новата ера и дека истражувањата ќе траат уште пет години.

Мостафа Вазир, главен археолог на истражувањето, вели дека голем број артефакти се посветени на египетскиот бог Теут.

Пронајдени се и четири садови со ликовите на четворицата синови на египетскиот бог Хорус.

„Тие се уште ги содржат мумифицираните внатрешни органи на покојникот. Украсени се со хиероглифи кои ги откриваат имињата на нивните сопственици“, истакна Вазир.

Интересно е што токму на Нова година е пронајден и ѓердан на кој со хиероглифи е напишано „Среќна Нова година“.

„Оваа порака е испратена од задгробниот живот“, додаде Вазир.

Меѓу најновите откритија е и гробница на претставник на древната кралска палата, погребан пред повеќе од 4.000 години.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.