Едно лице загина во сообраќајка пред клучката Радишани

22.02.2018 | 20:29
Прочитано: 1950

Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајка која се случила попладнево, во 17:20 часот, на обиколницата околу Скопје, пред клучката Радишани.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила меѓу патничко моторно возило „Рено Меган“ со скопски регистерски таблици, управувано од В. Ѓ. (54) од Скопје и патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици.

Возачот на возилото „Југо“ починал на местото, а смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. В.Ѓ. е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.