Еден мртов и еден тешко ранет во престрелка во Чаир

25.11.2017 | 11:51
Прочитано: 14868

Едно лице убиено, а едно тешко повредено во престрелка во Чаир – дознава телевизија 24. Тешко повредениот Л. Ќ. со возило на итната медицинска помош е пренесено во ГОБ Св. Наум Охридски.

Престрелката се случила на улицата „Лазо Трповски“, до трговскиот Принц.

Неофицијално, од извори на теренот дознаваме дека се работи за престрелка меѓу две групи, а мотивот најверојано бил нерасчистени сметки поврзани со трговија на дрога. Екипи на МВР се излезени на терен и работат на расчистување на случајот.

 


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.