Ѕанакопулос: Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент

17.09.2018 | 12:03
Прочитано: 1138

Убеденост дека во грчкиот Парламент постојат политички сили за да биде ратификуван договорот од Преспа, и покрај ставот на коалицискиот поартнер Панос Каменос, изрази портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Њуз 247”.

- Позицијата на Каменос во однос на договорот е позната, тоа не се работи што не ги има кажано, но јас сум убеден дека во овој момент постојат политички корелации во грчкиот Парламент за ратификација на договорот и тоа ќе се покаже кога ќе се достави и кога ќе биде изгласан, рече Ѕанакопулос во однос на ставовите на коалицискиот партнер во Владата и одби конкретно да ја коментира позицијата на Каменос дека ќе ја повлече довербата за Владата.

- Додека да дојде договорот во грчкиот Парламент треба да поминат различни чекори: референдумот во соседната земја и во продолжение собраниската процедура за ревизија на Уставот. Според тоа ако ова се направи и поскаувам да се направи, потоа грчката Влада ќе го достави договорот од Преспа за ратификација во Парламентот, рече Ѕанакопулос и додаде дека „врз основа на она што го вели договорот, колку е можно побргу” грчката Влада ќе го достави договорот во Парламентот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.