Џафери се сретна со потпретседателот на српското Собрание, Маринковиќ

25.05.2018 | 10:34
Прочитано: 1240

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери во рамки на официјалната посета на Република Србија, се сретна со потпретседателот на Народното Собрание на Република Србија, Владимир Маринковиќ.

На средбата присуствувале и членови на пратеничките групи за соработка на собранијата на двете држави.

Соговорниците заеднички констатирале дека постои желба за заемна соработка и искористување на сите потенцијали и ресурси за континуирано унапредување на меѓусебните односи на двете пријателски и соседни земји, со што би се охрабрил и поттикнал просперитетот на двете држави, меѓутоа и на регионот.

Од Кабинетот на Џафери наведуваат дека добра основа за постигнување на оваа цел е продолжувањето на практиката на одржување на заеднички седници на двете влади на кои би се разгледувале прашања кои се од интерес за развојот на двете земји. Џафери истакнал дека двете земји мораат да промовираат добрососедски односи и да настапуваат заеднички таму каде што имаат исти приоритети, како што е членството во ЕУ и заеднички да аплицираат пред трети страни за привлекување на инвестиции за напредокот на регионот.

Џафери присуствувал на отворањето на семинарот на кој што биле присутни и пратениците од Собранието на Република Македонија. Тој ја информирал Барон за преземените чекори во Собранието во насока на подобрување на застапеноста на жените во политиката и за конкретниот резултат од тие чекори, односно постигнување на 40 отсто застапеност.

На крајот на официјалната посета на Република Србија, Џафери го посетил Прешево, каде бил пречекан од градоначалникот на таа општина, Шќиприм Арифи, претседателот на општинскиот совет, Сами Салиху и целото општинско раководство.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.