Движењето за промена во Грција повика Македонија да не добие сега покана за членство во НАТО

11.07.2018 | 10:36
Прочитано: 1929

Лидерката на Движењето за промена, Фофи Генимата, преку интервју за грчката телевизија Алфа упати повик Македонија сега да не добие покана за членство во НАТО, туку откако ќе се завршат сите обврски предвидени во Договорот.

- Јас сакам, па дури и сега, во последен момент, да упатам повик, да не постои сега покана за Скопје. Да има одлука дека ќе бидат повикани со завршувањето на процесот што треба да го завршат. Но, да не се даде поканата сега, бидејќи ќе се најдеме пред свршен чин. Нашата земја не треба сега да ги даде сите нејзини адути, без да бидеме сигурни дали другата страна ќе успее да ги заврши сите обврски што ги има преземено, рече Генимата во интервјуто.

Претседателката на Движењето за промени смета дека постои простор, па дури и во последен момент за подобрување на Договорот од Преспа и објасни дека нејзината партија, уште од прв момент истакна две работи поради кои не можат да го поддржат решението меѓу Македонија и Грција.

- Прво е опасноста да се најдеме пред свршен чин во врска со НАТО и сега е критичниот момент. Второ, дека секако постои сложено име со географска одредница, но реално не постои ерга омнес, кога владата дава македонска националност и македонски јазик. Овие работи, сами по себе го задржуваат јадрото на иредентизмот, а со тоа, не затвораат стари сметки, туку отвораат нови. Овие се опасностите и затоа предупредуваме. Постои простор за подобрување на Договорот. Пред нас е средбата во НАТО, пред нас е ревизијата на Уставот во Скопје, истакна Генимата за грчката телевизија Алфа.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.