Двете Кореи разгледуваат склучување мировен договор, Ким сака средба со Трамп

27.05.2018 | 10:44
Прочитано: 1221

Северна и Јужна Кореја разгледуваат отпочнување преговори за склучување мировен договор, кој би офатил и ветување од САД за ненапаѓање, соопшти висок претставник на властите во Сеул.

Во исто време, јужнокорескиот претседател Мун Џе-ин изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на вчершаната нивна средба му ја потврдил својата желба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на 12 јуни во Сингапур. 

Мун наглaси дека Пјонгјанг е вознемирен поради тензиите во односите со Вашингтон и затоа сака билатерални средби со САД за гарантирање на безбедноста на земјата.

Белата куќа вчера соопшти дека нејзин тим ќе отпатува за Сингапур како логистичка поддршка за подготовка на евентуална средба меѓу Трамп и Ким. Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека логистичкиот тим ќе отпатува за Сингапур за да го подготвува самитот, како што било планирано и пред откажувањето на средбата од страна на Трамп.

Американскиот претседател во четвртокот ја откажа неговата средба со севернокорејскиот лидер, закажана за 12 јуни во Сингапурпоради, како што нагласи, „огромниот гнев и отвореното непријателство на Ким Џонг-ун во неговата неодамнешна изјава“.

Меѓутоа, Трамп во петокот изјави дека сепак е можно да се сретне со Ким на 12 јуни во Сингапур, како и што беше планирано. Тој порача дека ќе почека да види што ќе се случи во услови кога „сите играат игри", додавајќи дека првичниот датум за средбата и натаму е во игра.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.