Дванаесет години од смртта на Слободан Милошевиќ

11.03.2018 | 14:24
Прочитано: 3032

Денеска се навршуваат 12 години од смртта на поранешниот претседател на СР Југославија и на обвинетиот во Хаг Слободан Милошевиќ, објавуваат дел од српските медиуми.

Во кратката најава, повеќето од нив се повикуваат на агенцијата Бета во која се наведуваат кратки хронолошки податоци за „десетгодишното автократско владеење на Милошевиќ, кое завршува во 2000 година со победата на претседателските избори на кандидатите на Демократската опозиција на Србија (ДОС) и масовните демонстрации на 5 октомври, неговото апсење во 2001 и предавање на Хашкиот трибунал, каде и почина на 11 март 2006 година“.

И додека почитувачи на Милошевиќ, меѓу кои и радикалот Воислав Шешељ во Пожаревац го посетуваат неговиот гроб, од српската Влада до медиумите денес испратија соопштение дека утре владина делагација по повод 15 години од убиството на премиерот Зоран Ѓинќиќ ќе положи венец на спомен плочата во дворот на Владата каде беше застрелан поранешниот српски премиер.

Во Белград се уште споменици немаат ниту Слободан Милошевиќ, ниту Зоран Ѓинѓиќ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.