Двајца осомничени за бруталниот напад со смртни последици – изведени пред обвинител

11.07.2018 | 17:39
Прочитано: 3129

Од затворот Шутка  на прв распит во Обвинителство. Двајцата осомничени за претепувањето до смрт  на сега починатиот Никола Саздовски, беа изведени пред обвинител.

Спроведени преку подземните гаражи на објектот остана анонимни за јавноста. Освен со обвинителот, за прв пат се виделе и со бранителите, вели адвокатот на второосомничениот  Асмир Алилспахиќ. Според него се уште е рано да се знае дали ќе има нова правна квалификација.

Од обвинителството велат дека работат на истрагата и собираат докази. Вчера судска медицина го испратија извештајот од обдукцијата на Саздовски. Први пред обвинителот кој го води овој предмет сведочеа очевидците на настанот.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се повторуваат повиците за правда и детално расветлување на овој случај. Навивачка група Комити кои за вечер најави протестен марш за Саздо, го откажаа на неколку дена и повикаа на поголем и помасовен собир.

21 годишното момче вчера беше погребано на гробиштата во Ракотицни, а со него се простија и Комитите, кои во негова чест запалија и свеќи пред Собрание. Полицијата се уште трага по третоосомничениот, кој учествувал во претепувањето на Саздо.

 


Елена Милошевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.