ДУИ Гостивар: Таравари и негов роднина гради куќа во спортски терен

10.08.2018 | 12:17
Прочитано: 1440

„Арбен Таравари од една страна камуфлира акции за рушење на диво изградени објекти, додека во реалност го стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти. Граѓаните на Гостивар секојдневно ја изразуваат нивната загриженост во седиштето на ДУИ во Гостивар, за урбанистичкото злосторство што се случува на територијата на Гостивар под раководство на Арбен Таравари“, обвинија денеска од владејачката ДУИ во Гостивар.

Од партијата информираа дека „жителите на осмата зона во Гостивар ја изразија нивната длабока загриженост за дивоградбата која се гради на простор кој според Генералниот урбанистички план, како и Деталниот урбанистички план (Блок 24), се предвидени спортски терени“.

„Жителите ја изразуваат нивната загриженост дека се бетонираат површините за спорт и рекреација со објекти за живеење од фирмата изведувач која е во сопственост на близок роднина на Таравари. ДУИ ги подржува жителите на Гостивар и ги охрабрува таквите случаеви да ги пријават во надлежните институции, затоа што Таравари не ги извршува законските обврски и свесно ја злоупотребува службената должност за материјални придобивки за себе и за своите блиски роднини“ - обвинуваат од ДУИ.

Оттаму со став „Го повикуваме Арбен Таравари да го прекине годишниот одмор започнат од денот кога е избран за Градоначалник на Општината, да го прекине летниот одмор започнат со започнувањето на летото и да го прекине неговиот ангажман како лекар спротивно на сите етички, морални и законски  норми, и да почне да ја извршува должноста за која е избран“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.