Државата го исфрли од станот, па му нуди смештај во дом за бездомници

09.08.2018 | 17:37
Прочитано: 3219

По сторијата на ТВ 24 за 67-годишниот Предраг Попов, кој веќе две недели е на улица, бидејќи го изгубил социјалниот стан за кој плаќал месечен надоместок, се огласи и Министерството за труд и социјала. Оттаму велат, веднаш по сторијата му понудиле на Попов да го сместат во Дом за стари лица во Злокуќани, но и покрај тоа, тој инсистирал на станот во кој живеел. Од Министерството за ТВ 24 дообјаснуваат:
 
„Веднаш по сторијата на ТВ 24, Министерството за труд и социјала стапи во контакт со 67-годишниот Предраг Попов, кој иако е пензионер, оценивме дека е во социјален ризик со оглед на годините кои ги има, но и бидејќи е на улица и нема блиски роднини кои би можеле да му помогнат. Му понудивме да го сместиме во Дом за стари лица во Злокуќани, со тоа што разликата меѓу неговата пензија и надоместот што треба да се плати ќе му го покрива државата односно министерството“, велат од МТСП.

ТВ 24 и денеска го контактираше Попов, но рече ја одбил понудата бидејќи целата негова пензија ќе треба да ја дава за тоа и пак нема да му стигне. Вели останува на ставот дека сака да се врати во станот во кој живеел долги години, бидејќи како што и вчера тврдеше, редовно ги плаќал сметките и инвестирал во него.

„Живеев седумнаесет години, веќе осумнаесета во тој стан, редовно ги плаќав сите сметки иако иако бев социјален случај. Станот кога го добив го реновирав подот, платив заостанати сметки и сеа имам дури и надплатени сметки за вода“ - рече Предраг Попов.

Од Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, пак, и вчера информираа дека не е во нивна надлежност да го решаваат станбеното прашање на ова лице. Тврдат тие се само извршители на одлуките на државата, но и информираа дека подолг период Попов бил диво вселен во станот и со судска одлука морал да го напушти.

 


Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.