Друштвото на писателите на Македонија прими осум нови членови

16.02.2018 | 09:39
Прочитано: 1209

Друштвото на писателите на Македонија прими осум нови членови: Живко Грозданоски, Фросина Пармаковска, Игор Станојоски, Ана Мартиноска, Славица Гаџова Свидерска, Лира Бојку, Тихомир Јанчовски и Михајло Свидерски.

„Новите членови на ДПМ се од редот на младите генерации и се силно присутни на книжевната сцена, со препознатливи вредности и специфики, со висока книжевна наобразба и култура. Нивните дела од областа на прозата, поезијата, есеистиката, книжевната наука и преводот, се предмет на интересирање на читателската публика и критиката и се впечатлив дел од новите тенденции во македонската литература“, соопшти ДПМ.

Друштвото наведува дека со приемот на новите членови ја продолжува практиката на подмладување на писателската асоцијација. Во изминатите неколку години примени се триесетина афирмирани автори, со просечна возраст од 26 години во моментот кога станале членови во ДПМ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.