Драган Миновски: Мицковски во АД ЕЛЕМ склучувал договори во четири очи

15.04.2018 | 15:39
Прочитано: 3090

Поранешниот директор на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, во четири очи склучил два договора со непосредна спогодба со компаниите Пелистер и Марковски, двата во вредност од 10,5 милиони евра, изјави на денешната прес конференција директорот на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски.

Тој информираше дека овие два договора, но и многу други кои биле склучени додека Мицковски бил директор ЕЛЕМ, се предмет на внатрешна и надворешна ревизија во компанијата. Резултатите од ревизијата, Миновски најави дека ќе бидат готови за кратко време по што ќе ги изнесе во јавноста.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.