Доживотен затвор за извршителот на нападите во Њујорк и Њу Џерси

14.02.2018 | 09:38
Прочитано: 2640

Американецот со авганистанско потекло Ахмад Рахими е осуден на две казни доживотен затвор за бомбашките напади, кои ги изведе во септември 2016 година во Њу Џерси и Њујорк.

Истрагата утврди дека на 17 септември 2016 година тој поставил бомба во Њу Џерси, која требало да експлодира за време на маратонот кој се одржувал во градот. Потоа Рахими заминал во Њујорк каде поставил две рачно изработени бомби во квартот Челси на Менхетн. Едната бомба не експлодирала, но при експлозијата на втората - поставена во канта за смет, беа повредени 31 лице.

Рахими беше прогласен за виновен по осум обвиненија, меѓу кои и за поставување бомба на јавно место како и користење оружје за масовно уништување.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.