Договорот за добрососедство со Бугарија утре треба да се ратификува во Собранието

14.01.2018 | 13:59
Прочитано: 2340

Собранието на Р. М. утре ќе треба да го ратификува договорот за добрососедство со Бугарија, откако истиот веќе ја помина собраниската процедура во законодавниот дом во Софија. Свое обраќање на комисијата за европски прашања ќе има и бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Петков.

Тој ќе треба да ја претстави програмата, но и приоритетите за работата на бугарското претседателство со советот на Европската Унија. Обраќање пред пратениците исто така во четврток ќе има и генералниот секретар на нато, Јенс Столтенберг, кој претстојнава недела ќе дојде во дводневна посета на Накедонија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.