До влезот во ЕУ нема фискални сметки на пазарите, пазарџиите ќе добиваат лиценци

15.01.2018 | 18:29
Прочитано: 2458

Наместо регистрирање на фирма преку Централен регистар, Комората на трговци ќе издава лиценци.  Нема да има фискализација на пазарите во земјава. Ова се дел од одредбите на новиот закон за трговија на зелените пазари кои минатата недела го поминаа собранискиот филтер. Според претседателот на комората на трговци Екрем Долек  со новото решение пазарџиите ќе бидат поштедени  од долгите бирократски процедури. Тој очекува да се намали бројот на дивите пазарџии.

„Ние сме барале само активноста по пазарите која се извршува и ден денес да биде поштедена од некои непотребни бирократски процедури. Плаќањето на обврските кон државата да не бидат преку книговодители туку да биде паушална. Плаќањето на придонесите за здравство и пензиско осигурување се сложивме со Владата и Министерството за економија, да биде еден тезгаџија  ставен во тарифата на земјоделец-поединец“, вели Екрем Долек - Претседателот на комората на трговци

Но, дел од  пазарџиите не се оптимисти дека  новиот закон ќе ги заштити нивните права, туку напротив, ќе треба да го отворат ќесето за нови трошоци.

„Ни отидоа муштериите во маркетите, еве колку од нас останаа“,
„Дополнителни оптоварувања на нас пазарџиите мислам дека не се изводливи“,
„Овој пазар не дава ништо, а премногу бара“, велат анкетираните пазарџии

За да добијат лиценци, пазарџиите треба да  докажат дека поседуваат тезга под закуп. Лиценцата ќе има рок на важност од една година. Доколку лиценцата не се продолжи, на закупецот ќе му биде одземена тезгата и се брише од негова сопственост од листата пазарџии.  Министерствата за финансии и економија дополнително ќе ја договараат сумата за добивање на лиценца.


Елена Милошевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.