До 2023 железничко поврзување Македонија-Бугарија

17.05.2018 | 17:50
Прочитано: 1646

За пет години Македонија и Бугарија ќе се поврзат со железница. До 2023та година е испланирано да заврши изградба на коридор 8 за поврзување на двете земји. Првата делница Куманово – Бељаковце веќе е во изградба, а за втората од Бељаковце до Крива Паланка е распишан тендер и до крајот на годината ќе се избере фирма изведувач. За третата пак, Крива Паланка – Деве Баир, засега се одвоени 60 милиони евра од ЕУ преку ИПА програмата. Вкупната сума за целосната изградба на трите делници чини околу 400 милиони евра, што вклучува и електрификација на првите две делници. Според директорите на двете претпријатија, железничкото поврзување на двете земји е приоритет во нивната работа.

„Ќе можеме да почнеме со изградба кога финсискиот дел ке биде завршен. Еден дел е обезбеден, а за остантото е надлежна Владата да преговара со надлежните институции кои ќе финансираат“, вели  Ирфан Асани – Директор на ЈП Македонски железници

„Приоритет ни е да ја изградиме врската помеѓу двете земји. Од нашата страна веќе е пуштен повик до компании за проектирање“, вели Красимир Папукчиски – Директор на бугарски железници

Железничкиот коридор 8 беше напишан во изборните програми и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Почнувајќи од 94та година па се до 2003та се обезбедуваа пари за изградба на пругата, но и по толку години таа се уште не е направена. Во септември минатата година Владата доби 70 милиони грант од Европа за кои најави дека ќе бидат искористени за изградба на втората делница.


Андријана Лазова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.