Дивите тезгаџии продолжуваат со блокадата на Бит-пазар

15.05.2018 | 17:22
Прочитано: 2744

Недозволиво е во европско Скопје да имааме луѓе кои што ќе продаваат надвор од било кој правен пропис, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, посочувајќи дека има доволно простор на постоечкот пазар да се сместат и дивите пазарџии, кои неколку дена протестирааат.

Тој посочи дека  во соработка со Скопски пазар за два месеци ќе им бидат подмирени сите трошоци, ако тие одлучат да продаваат на постоечките тезги,потенцирајќи дека нивен е изборот, а опцијата  сеуште постои.

„Незодволиво е за 20-30 продавачи кои имаат можност да се легализираат и понудени им се бенефиции, да се однесуваат така.“ - изјави Петре Шилегов.

Дивите продавачи кои и денеска го блокираа булеварот Крсте Мисирков, им порачаа на градските власти дека не остстапуваат од нивните барања и тврдат дека нема слободни тезги во рамките на постоечкиот пазар. Додека трае реконструкцијата на пазаарот,  бараат да им се  обезбедат монтажни тезги за да продолжат со работа, затоа што таа им е единствен извор со кои ги прехрануваат нивните семејства. 

Трговците на нелегално поставените тезги истакнаа дека остануваат на улица додека не се најде конечно решение со кое ќе се стави крај на неизвесноста со која се соочиваат деновиве.


Јасмина Спасовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.