Диригентот Џејмс Левин доби отказ поради сексуално вознемирување и злоставување

13.03.2018 | 10:38
Прочитано: 776

Диригентот на Метрополитен опера, Џејмс Левин, еден од најпознатите фигури во класичната музика, доби отказ откако истрагата пронашла докази за сексуално вознемирување и злоставување.

„Истрагата покажа кредибилни докази дека господин Левин се впуштал во сексуално вознемирувачко однесување претходно и откако дошол во Метрополитен операта. Истрагата покажа и дека тој сексуално непристојно се однесувал кон ранливите уметнички во текот на неговата кариера. Поради тоа компанијата заклучи дека ќе биде несоодветно и невозможно да ја продолжи соработката со господин Левин“, се посочува во соопштението на Метрополитен опера.

Левин за сега не е кривично обвинет.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.