Димитров од Софија: Можно е чудо во спорот за името

16.05.2018 | 15:03
Прочитано: 3365

 Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од Софија порача дека е можно „чудо“ во преговорите за името со грција и побара од ЕУ датум за почеток на преговорите.

Ќе биде чудо доколку успееме да го решиме спорот за името со Грција, но чудата се можни.

А, денес на сите ни се потребни чуда.“ Ова е пораката на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во пресрет на утрешниот состанок меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија, на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Димитров денеска учествуваше на еден од панелите во Софија, заедно со бугарскиот и хрватскиот премиер Бојко Борисов и Андреј Пленковиќ и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.