Димитров на средба со Коѕијас и медијаторот Метју Нимиц

12.02.2018 | 18:48
Прочитано: 1291

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, вечерва, во Виена, ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Утре, двајцата министри ќе имаат заедничка средба со личниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц.

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас вечерва ќе се состанат во Виена, а утре ќе имаат заеднички состанок со Нимиц на кој е предвидено да се интензивираат преговорите и ќе го разгледаат предлогот на медијаторот. 

 

Вo истo време сo сooпштението oд мaкедoнскoтo МНР, сo сooпштение излезе и Министерствoтo зa нaдвoрешни рaбoти нa Грцијa, кое што ги објави истите информации. Новата рунда преговори уште минатата недела ја најави премиерот Зоран Заев. 

 

Премиерот, кој минатиот месец во Давос имаше директна средба со својот грчки колега Алексис Ципрас, на која ги изнесоа позициите на двете страни во преговорите за името и се договорија за одредени отстапки со цел да му се даде поттик на процесот, минатата недела посочи дека Македонија прави се за да докаже дека нема никакви иредентистички побуди. Меѓудругото двајцата премиери тогаш најавија и дека преговорите ќе се покреваат на повисоко ниво, односно на ниво на министри за надворешни работи.

Медијаторот кон крајот на минатиот месец ги посети Атина, а потоа и Скопје, каде имаше одвоени средби со грчкиот и македонскиот државно-политички врв.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.