ТВ 24 дознава: Димитров и Коѕијас разговараат во хотелот „Македонија Палас“ во Солун

11.01.2018 | 15:39
Прочитано: 1926

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска со неговиот грчки колега Никос Коѕијас разговараат во хотелот "Македонија палас" во Солун, дознава ТВ 24.

Средбата ја потврдија министерствата за надворешни работи на двете земји, но локацијата на средбата беше држана во тајност.

Разговорите според официјалното соопштение на МНР ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на натамошно зајакнување на мерките за градење доверба.

 


Сеад Ризвановиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.