Димитров му пиша на Коѕијас, на потег е Атина

20.06.2018 | 18:55
Прочитано: 3218

Никола Димитров му пиша на Никос Коѕијас дека Македонија го ратификуваше договорот за името. На потег е Атина, треба да прати писмо до ЕУ и НАТО за деблокада на македонското членство под името Северна Македонија.

Откако ќе ја добијат нотата, грчките власти ќе достават известување до Европскиот совет, во кое ќе наведат дека повеќе нема пречки за процесот на приклучување на земјата кон ЕУ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша и го достави Законот за ратификација на Договорот на потпис кај претседателот, Ѓорге Иванов.

Тој има рок од седум дена да одлучи дали ќе го потпише Договорот, кој во неделата во Псарадес го потпишаа шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.