Димитров и Коѕијас формирале работни групи за спорот со името

12.01.2018 | 20:13
Прочитано: 2086

Македонија и Грција по 25 годишни се согласија – решението за дологодишниот спор со името ќе се решава преку формирањето на работни групи предводени од министрите за надворешни работи на двете земји.  Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров оптимистичен, во интервју за Ројтерс тој посочува дека  очекува првата средба на новите работни групи да се одржи веќе следниот месец, при што директно ќе се преговара за можни решенија за спорот.  

„Јас сум претпазлив оптимист.  Се разделивме убедени во тоа дека има волја на двете страни да се оди напред.  Имаме голема одговорност, Македонија во целиот овој процес е свесна за загриженоста, која се појавува кај соседните земји. Јасно е дека идентитетот е мошне важен за нас. Мора да најдеме начин да ги убедиме нашите грчки колеги дека има јасна дистинкција меѓу нашата земја и нивниот регион, кој ја вклучува северна Грција“, вели  Никола Димитров – министер за надворешни работи
 
По вчерашната средба на шефовите на македонската и грчката дипломатија Никола Димиторв и  Никос Коѕиас пристигнаа нови позитивни пораки   од грчка  страна. Во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ 1 оптимизам покажа и  претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис, се надева дека годинава може да се дојде решение за името.

„Ова прашање беше одложувано долги години. Ова е важна шанса за негово решавање што може да се искористи и јас сум оптимист сите се заинтересирани за затворање на ова прашање, особено ЕУ, НАТО и соседните земји“, вели  Никос Вуцис, претседателот на грчкиот Парламент

По вчерашната средба на двајцата министри, македонското министерството за надворешни работи соопшти дека двете земји очекуваат на 17 Јануари медијаторот Метју Нимиц да постави основа за решение за спорот. Претходно и вицепремиерот Бујар Османи кој исто така беше во Атина најави дека се очекува медијаторот Нимиц во Њујорк да стави конкретен предлог на маса. Денеска во Скопје вицепремиерот Османи се сретна и со Геновева Руиз Калавера, директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и проширување на ЕУ.  Вицепремиерот на средбата меѓу другото  го потенцираше напредокот  во изградбата на доверба меѓу Македонија и Грција.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.