Димитров: Го охрабруваме Нимиц во среда да излезе со првичен предлог за името

13.01.2018 | 17:34
Прочитано: 2137

Од медијаторот Метју Нимиц очекуваме предлог, а решението трееба да буде достоинствено. Предлог немаше воопшто на масата. Одлучивме да го охрaбриме Нимиц што е можно побрзо, можеби уште идната среда, да излезе со една првична рамка што ќе даде надеж за суштински напредок , вели шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

„Ме загрижува дека времето што го имаме со оглед на европската агенда, не е долго, а планината е висока и двете страни имаат право да го користат и терминот и името и изведениците во различни контексти. Тоа е важен принцип што многу често  се провејуваше низ ретходните предлози на Нимиц.“ - изјави Никола Димитров – министер за надворешни работи - интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

„Факт е дека меѓу нас има уште разлики и ќе видиме дали ќе биде можно тие разлики да ги надминеме. Многу е важно за Грција да има појасна дистинкција меѓу државата Македонија и регионот Македонија во Грција. За нас е многу важно да нема никаков сомнеж во идентитетските прашања и многу е важно да најдеме достоинствен начин. Предлогот на Нимиц нема да биде земи или остави, туку предмет на консултации за да видиме дали можеме да изградиме заеднички став. Ова е еден товар што заеднички мора да го носиме. “

Според Димитров Владата има цврста намера да ја вклучи опозицијата во процесот на решавање на спорот со името тоа и е должност, доколку нема услови за одржување средби на државно-политичкиот врв ќе има обиди за директни контакти, важно е, како што рече, да видиме дали опозицијата ќе има сила да го сподели товарот.

25 годишниот спор за името според вчерашните најави на Димиторв во интервју за Ројтерс ќе се решава преку работните групи. За портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, пак, промената на уставното име, употреба во внатрешноста на земјата и заложба Владата зад себе да го остави иредентизмот, се барањата од официјална Атина за постигнување решение. Македонското прашање е надвор од дипломатијата - коментарајќи го прашањето за спорот грчки Катимерини пишува - очигледно е дека напорите за решавање на „македонското прашање“ ќе бараат вешто маневрирање, како дома така и на меѓународна сцена.

„Имајќи ги предвид црвените линии, емоциите и конфронтирачката реторика со која се карактеризира политичката дебата, сигналите не се добри“. - пишува Катимерини.

Сепак, владите во Скопје и во Атина од медијаторот Метју Нимиц на претстојната рунда разговори, закажана за 17 месецов во Њујорк, очекуваат инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликите за името.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.