ДИК ќе го дополнува правилникот за референдумот

10.08.2018 | 17:08
Прочитано: 420

Избирачкиот список никогаш нема да биде идеален, но се прават напори тој да се исчисти- истака директорот на ДИК Оливер Деркоски, откако и годинава еден од клучните проблеми на  избирачкиот список и понатаму остануваат фантомските гласачи, починатите лица со право на глас и лицата регистрирани на погрешна адреса.  Деркоски побара од  граѓаните да пријавуваат неправилности во подрачните канцеларии.

„Избирачкиот список никогаш нема да биде идеален, но ние како еден од одговорните за него правиме напори да го прочистуваме. Ги повикувам и граѓаните да пријавуваат промени на адреса, презиме, оти ова е заедничка работа на сите“, вели Оливер Деркоски

Стручната служба на комисијата секој месец,  прави по 2.000 – 3.000 измени. Ги внесува новите полнолетни лица и други дополнувања, велат од ДИК. Истакнаа и дека од списокот ќе бидат избришани сите починати лица.

„Покрај промените по барање од граѓаните, во списокот според кој ќе се гласа на 7 септември, покрај постоечките гласачи ќе влезат сите оние што до 30 септември ќе наполнат 18 години, а од списокот ќе бидат избришани сите починати до 30 јуни годинава. Исто така, сите промени на презиме и адреса што се направени до 30 јуни ќе бидат внесени во конечната верзија на списокот според кој ќе се гласа на референдумот“, вели Јанаќе Витановски

Во меѓувреме пак од невладината Цивил-центар за слобода реагираа дека уште на првиот ден од увидот во Избирачкиот список, десетина граѓани пријавиле нерегуларности.

„Вчера, двајца што пријавија неправилност  кажаа дека пред локалните избори, последни, тргнати биле фантомски гласачи, а сега повторно ги има на нивните адреси“, вели Чабил Делара - Цивил-Центар за слобода 

Од вчера до денеска пред 13 часот во подрачните канцеларии на ДИК увид во избирачкиот список направиле 213 граѓани, а вкупно 158 граѓани од дијаспората се пријавиле дека ќе гласаат во амбасадите или конзулатите на Македонија.


Елена Милошевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.