ДИК: Избирачкиот список денеска е ставен на јавен увид

09.08.2018 | 17:32
Прочитано: 799

Пријавувањето на македонските државјани во странство,  ќе трае  до 23 август,  а ќе може да се пријават по електронски пат или дирекно во  дипломатско конзуларните претставништва, изјави потпаролката на ДИК Љупка Гугучевска. ДИК ќе отвори избирачки места во сите конзулари претставништва каде за гласање ќе се пријават над 10 избирачи, додаде таа.

„Гласањето во странство ќе се одржи на 29 септември еден ден пред денот определен за референдум, од 7 до 19 часот  според временската зона  на дипломатско – конзуларното претставништво. Можноста за пријавување преку оваа веб апликација на ДИК ја искористија вкупно 19 граѓани“, вели Љупка Гугучевска -  потпаролката на ДИК

Онаму каде што нема да има доволно кадар  кој ќе го организира изјаснувањето на дијаспорат,  ќе бидат испратени избирачки одбори од државава.

„Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа во странство барањето за запишување, дополнување или бришење на податоци во избирачкиот список за време на јавниот увид ќе можат да го поднесуваат по електронска пошта до ДИК од 9 до  23 август“, вели Љупка Гугучевска -  потпаролката на ДИК

Во однос на избирачкиот список во Македонија, Гугуевска објасни дека  најдоцна до 7 септември ДИК ќе го заклучи Избирачкиот список во кој ќе бидат извршени сите промени што произлегле од увидот.

Еден меѓу главните проблеми на ДИК и понатаму останува тоа  што во  Избирачкиот список се уште се наоѓаат имиња на повеќе луѓе на иста адреса. Во однос на овој проблем, Ггучевска истака дека  податоците ги обработуваат врз основа на тие од МВР. Посочи дека секој граѓанин кој забележал вакви нерегуларности  треба да пријави во МВР. 


Елена Милошовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.