Дигиталните технологии позитивно влијаат на образованието и разбирањето на темите

13.02.2018 | 18:44
Прочитано: 1219

Средношколците во Финска се први во светот по квалитетот на стекнатото знаење во училиште покажуваат меѓународните истражувања. Образованието е бесплатно за сите, а со новите образовни реформи се воведе и дигитализација на учењето. Резултатите од последните ПИСА тестирања поразителни за Македонија.

Од 70 земји во светот според ПИСА тестовите Македонија е рангирана на 67то место во наука и читање, а на 66-то место во математика. Бројни меѓународни  студии покажуваат дека дигиталните  технологии позитивно влијаат на образованието и разбирањето на темите.

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска започна кампањата на  „Start Smart“ на компанијата Nestle која има за цел собраните средства да ги пренамени за опремување на дигиталниот центар  во ова универзитетска Библиотека.

„94 отсто  од младите се постојано онлајн. Во согласност со тоа и дигитализацијата всушност е дел од нивното секојдневие. Нивните  придобивки се во насока на штедење на време а тие преку дигитализацијата може да имаат пристап до некои извори и литература, како и се друго што им е потребно за кое порано немало можности да ги пронајдат“. - вели Соња Шливиќ – бренд менаџерка на Nescafe 3in1.

Дигитализацијата на книгите е почната со цел сето она што е зачувано во библиотеката  да стане полесно достапно за читателската публика велат од националната – универзитетска библиотека. Појаснуваат дека модерните библиотеки треба да бидат во склад со новите технологии кои обезбедуваат пристап до широки информации и зајакнувањето на образованието особено кај младите.

„Дигитализацијата се одвива и на старите книги, и на новите. Ние се трудиме да ги следиме новите трендови во наставата. Самиот интерес на студентите и потребата за компјѕтери е се поголем“ - вели Марко Цуцуловски – менаџер на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.

Во новата Сеопфатна стратегија која е за период од 2018 до 2025 година е  исто така предвидено и унапредување на образовната инфраструктура заради обезбедување поголема инклузивност (вклученост), достапност, енергетска ефикасност и дигитализација.

 


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.