Детали за убиството во Чаир

21.01.2018 | 13:29
Прочитано: 3204

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за убиството кое вчера се случи во куќа на улицата „Дижонска“ во скопски Чаир.

„М.Ш.(33) од Скопје со нож ја прободел во пределот на стомакот Ж.К. (41) од Тетово, со која биле во роднински врски, откако претходно таа го нападнала со стап. Во 23:13 часот, на пат кон Комплексот клиники “Мајка Тереза“ Ж.К. починала во возило на Итна медицинска помош, додека М.Ш. е пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а по укажаната лекарска помош е приведен во полициска станица“, информираат од МВР.

Извршен е увид од страна на  Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.