Зошто големите партии не ги даваат големите градови на жени?
Foto

Зошто големите партии не ги даваат големите градови на жени?

Во Северна Македонија на последните избори беа избрани само шест жени градоначалници од вкупно 81 општина во земјата. Од 20-те позиции во Владата само 4 ги извршуваат жени. Досега, од независноста, никогаш немало жена на некои од највисоките политички функции, како претседателската, премиерската или онаа на претседател на собрание.

И по 30 години, жените не добиваат лидерски позиции во партиите. Тоа е значајна порака до јавноста. Каде е проблемот? Дали политичките лидери на некој начин поттикнуваат дискриминација со тоа што не даваат простор на своите колешки да добијат лидерски позиции?

Само 25 жени се пријавиле за учество во градоначалничката трка на претстојните локални избори, а на 25 им се потврдени кандидатурите за 80 општини во земјава плус Градот Скопје, за што има вкупно 298 кандидати. Според статистичките анализи на Државната изборна комисија, 8,72 проценти од кандидатите за градоначалници се жени, наспроти 272 или 91,28 кандидати од машки пол.

Големите партии не ги даваат големите градови на жени. Зошто?

0 Коментари

Остави коментари