Зошто Артан Груби има две канцеларии?
Foto

Зошто Артан Груби има две канцеларии?

Еден човек, две функции, нула одговорност за првиот заменик на премиерот и министер за политички систем Артан Груби откако почна да користи две канцеларии истовремено, а му тргна и од рака да организира роденден во министерството со кое раководи а во чест на лидерот на неговата партија ДУИ, Али Ахмети.

Но, токму според Етичкиот кодекс што неодамна го донесе Владата на функционерите им е забрането да овозможуваат користење на јавните ресурси во интерес на било која политичка партија.

Од Владата ниту демантираат ниту потврдуваат дали и на кој начин Груби ги користи двете канцеларии. И од министерството за политички систем и од кабинетот на заменик премиерот за борба против корупцијата и отчетност Љупчо Николовски со идентитчен одговор.

„Со олед на тоа дека првиот заменик на Претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, во Владата на РСМ извршува двојна функција, во зградата на Владата, е задржана само канцеларијата на првиот вицепремиер Груби, а останатите канцеларии на кабинетот на Груби, веќе се во функција на извршување на активностите и задачите на вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски. Вработените во Министерството за политички систем се преселени во матичниот објект“.

Освен што Груби треба да плати казна од 500 евра за организирањето на партискиот роденден во државни простории од Владата нема ниту збор дали тој ќе понесе одговорност според Етичкиот кодекс за однесување на јавните функционери. Ивановска вели дека Владата мора да назначи човек кој ќе го надгледува спроведувањето на кодексот. Доколку забележи негово прекршување веднаш да предупреди.

Според Кодексот до сега политичка одговорност понесоа двајца функционери на СДСМ. Лидија Димова која беше разрешена од функцијата директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Зоран Иванов претседател на Надзорниот одбор на Македонската информативна агенција.

Од Владата не кажуваат и дали за Груби, во зависност која функција ја извршува во моментот работи еден или два различни кабинети.

Ова не е прв пат еден функционер да извршува двојна функција, но е прв пример каде јавен функционер користи двојни државни ресусрси. Во сегашниот владин состав и вицепремиерот Никола Димитров извршува двојна функција. Освен што го заменува Заев тој раководи и со Секретаријатот за европски прашања.

Претходно Зоран Заев извесен период беше и премиер и министер за финансии. Но, ниту Заев ниту Димитров не користат односно не користеле две канцеларии ниту два кабинети со различни вработени во исто време.

Во министерството за политички систем со кое раковoди Груби се вработени 1410 административци. Од нив само 44 одат на работа а сите земаат плата.

0 Коментари

Остави коментари