Зоран Заев ја стартува трката за 80 пратенички гласа за СЈО без ВМРО-ДПМНЕ
Foto

Зоран Заев ја стартува трката за 80 пратенички гласа за СЈО без ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев и Христијан Мицковски ја почнаа трката за пратенички гласови за поддршка на нивните позиции за иднината на СЈО. Откако не успеаја меѓу себе да се договорат, сега ќе се пазарат и со одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но и со малите албански опозициски партии.

„Денеска почнува министерството за правда разговори со малите политички партии и помалите парламентарни групи. Но, не верувам дека пропадна разговорот со најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи принципите за кои се залагаат се прифатени и веќе имплементирани во делот на нашето законодавство.“ - изјави Зоран Заев за законот за СЈО.

Лидерот на опозицијата веќе се сретнал со пратениците кои ги исклучи од неговата партија откако гласаа за промената на името. Меѓу осумтемина независни парламентарци Заев обезбедил поддршка од тројца, брифира за тв24 висок владин функционер. Дали Мицкоски успеал да убеди некого за да ги поддржи неговите позиции е неизвесно. За средбата испратија кусо соопштение.

„На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, ставовите за реформските закони и идните предизвици за Македонија“ - велат од Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

На преговарачка маса ќе седнат и пратениците од БЕСА. Тие се разочарани од досегашното работење на СЈО, но сметаат дека мора да има независен орган во иднина кој ќе ја води борбата против висок профил на корупција.

„Да му дадеме на СЈО полн капацитет, да им дадеме нови рокови за иницирање на постапка, каде што сите тие „бомби“ ќе можат да важат како докази. За такво СЈО се спремни да дадеме поддршка.“ - изјави Фадиљ Зендели- БЕСА.

Од Алијансата најавија дека сегашниот предлог закон за ЈО нема да го поддржат, бидејќи имаат и други предлози и бараа да бидат вкклучени во преговорите. По лидерската меѓу Заев и Мицкоски на прочка, двете рунди на работните групи завршија без договор. Опозицијата бара државниот обвинител да биде нивни предлог, истрагите на СЈО по 30 јуни 2017 да бидат прекинати и СЈО да стане одделение под надлежност на одделението за организиран криминал. Од власта обвинија дека со предлозите ВМРО-ДПМНЕ единствено бара амнестија.

0 Коментари

Остави коментари