Зоран Милески–Кичеец влезе во затвор во Струга
Foto

Зоран Милески–Кичеец влезе во затвор во Струга

Зоран Милески – Кичеец денеска влезе во Казнено поправниот дом (КПД) Струга за отслужување на правосилната затворска казна од три години на која е осуден во случајот „Рекет“.

Директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ потврди дека Зоран Милески е примен во струшкиот затвор пред околу час и половина и оти сам се пријавил во извршување на затворската казна.

Милески е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.

0 Коментари

Остави коментари