Зоја Бузалковска со писмо до Заев даде оставка од советот за култура
Foto

Зоја Бузалковска со писмо до Заев даде оставка од советот за култура

Театарскиот режисер Зоја Бузалковска поднесе оставка од советот за култура поради годишната програма на министерството за култура. Во писмото кое го испрати до премиерот Зоран Заев, Бузакловска вели дека министерот не смее да избира и да поставува директори на институциите од културата, бидејќи тоа во изминативе речиси две децении се прави по партиски клуч.

Во писмото, Бузалковска порачува и дека секогаш кога е потребен некаков пазар за одлуки и гласови, прво се посега по културата и образованието.

„Сѐ додека не разбереме дека културата не смее да биде ставена под точка – разно, ќе имаме вакво гласачко тело и ќе мора да ги живееме своите животи на улица, а не онаму каде што ни е местото и каде што сме попродуктивни“ , вели Бузалковска.

 

 

 

0 Коментари

Остави коментари