ЗНМ и Хера потпишаа Меморандум за соработка
Foto

ЗНМ и Хера потпишаа Меморандум за соработка

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Како што соопшти ЗНМ, Меморандумот предвидува поблиска соработка преку организација на заеднички работилници и кампањи за улогата на новинарите и медиумите при известување за ранливите категории.

Предвидена е и заедничка изработка на анализи, истражувања и прирачници во врска со групите на ранливи и маргинализирани граѓани со посебен фокус на здравствените и социјалните права. Соработката, како што се наведува, предвидува и можност за вклучување на новинари кои би работеле на креирање на медиумски содржини на теми кои се важни за работата на Хера, а преку кои би се промовирало етичко и професионално новинарство.

Овој Меморандум е во насока на градење на партнерски односи со останатите граѓански организации со цел подобро и поквалитетно информирање на граѓаните за теми кои се од особен јавен интерес, се наведува во соопштението од ЗНМ. ев/са/

 

 

0 Коментари

Остави коментари