Зибери за Студио 10: Во февруари најверојатно ќе почнеме со давање на вакцината
Foto

Зибери за Студио 10: Во февруари најверојатно ќе почнеме со давање на вакцината

Арбен Зибери, претседател на комисијата за здравство во Собрание во Студио 10 вели дека имаме многу луѓе кои го поминале вирусот и не сме во почетна фаза. Цела година имаме некоја скала на колективен имунитет, но и со вакцините ќе се постигне баланс и да се врати нормалниот живот, тие ќе се даваат на оние кои ја немале болеста.

„Во февруари ќе почнеме со давање на вакцината и земјите каде е почната вакцинацијата се членки на ЕУ. Во Србија се користат кинески вакцини и има претставништво Фајзер. Фокусот на Фајзер и сите компании сигурно е поголемиот пазар и ова е глобален проблем.“ - вели Зибери.

Зибери смета дека пратениците треба да се вакцинираат за да може да функционира Собранието, но оние кои не ја имале болеста и немаат антитела.

„Јас имам антитела и нема потреба да се вакцинирам, зошто ја имав болеста.“ - вели Зибери.

Тој смета дека во неколку земји веќе се зборува за лек против вирусот, не само вакцина, зошто не е сигурно колку ќе штити вакцината и колку ќе трае. 

0 Коментари

Остави коментари