Зибери ја презентираше програмата за премиер: Мултиетничка химна и задолжителни часови по албански јазик во секое училиште
Foto

Зибери ја презентираше програмата за премиер: Мултиетничка химна и задолжителни часови по албански јазик во секое училиште

Мултиетничка химна , задолжителнио учење на албанскиот јазик , но и прогласување на 13 ти август денот на потпишувањето на Охридскиот договор како национален празник. Ова се само дел од главните приоритети на кандидатот за премиер на ДУИ Насер Зибери . Промовирајќи ја својата програма уште еднаш меѓу приоритетите го вброи ветингот на сите носители на јавни функции како и судии  и обвинители.   Порача дека назначувањето на иден премиер албанец нема ништо да им земе на македонските граѓани но мора да се почитува како што рече концептот еднакво општество за сите  во кое ќе се донесуваат консензуални одлуки. 

 

Меѓу економските мерки кои ги посочи како приоритетни вели се 600 евра плата за медицински сестри, наставници и учители, како и 0 % персонален данок за секое лице под 35 години самовреботено или вработено по прв пат. Дел од економските мерки кои ги презентираше Зибери беа и оние кои се однесуваа на економското закрепнување од Ковид 19.

 

Зибери ја презентираше  програмата само на албански јазик со обезбеден превод за медиумите пред Владата . На презентацијата беа присутни членови и симпатизери на ДУИ.

0 Коментари

Остави коментари