ЖУРКА ВО ЛОКАЛ НА СИНОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РАДОВИШ – ПОЛИЦИЈАТА ИНФОРМИРА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА
Foto

ЖУРКА ВО ЛОКАЛ НА СИНОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РАДОВИШ – ПОЛИЦИЈАТА ИНФОРМИРА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА

Ниту имаше  забава ниту мојот угостителки објект работеше после 22  часот ниту пак бев приведен. Вака објаснува синот на радовишкиот градоначалник  Ѓорги Конзулов кој е меѓу трите лица,  за кои полицијата информираше дека се лишени од слобода заради сомневање дека сториле кривично дело  . Полицијата нешто пред 22 часот била во контрола на неговиот објект за контрола дали гостите носеле лична заштита

,, По претходно извршена  контрола во угостителски објекти,  во врска со почитување на мерките за носење на лична заштита, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 382 ст.3 од КЗ,  од страна на полициски службеници преземени се службени дејствија против  3 лица Љ.Р  (29), Ѓ.К (36) и Р.Т ( 25) тројцата од с. Раклиш, општина Радовиш.  Лицата се  лишени од слобода и задржани во просториите на Полициска станица од општа надлежност Радовиш,, стои во информацијата на МВР

Конзулов призна дека полицијата била во неговиот објект за да  утврди дали гостите носат заштитни маски  иако според него, во протоколите дадени од Владата за работа на угостителите никаде не стои дека гостите требало да ги носат освен келнерите  

Сопственикот негираше дека во неговиот објект синоќа имало забава и покрај владините препораки да се избегнуваат поголеми групирања.. Тврди дека синока работеле до 22 часот во период кога имало диџеј и гости кои седела според препораките за дистанца иако низ социјалните мрежи протекоа видеа за гужва

Синот на радовишкиот градоначалник вели дека не бил приведен туку  утрово нешто пред три часот бил во полицијата откако разбрал дека негов близок бил повикан на разговор. Дал изјава и си заминал при што денеска неговиот угосителски објект работеше нормално според препораките

0 Коментари

Остави коментари