„Живот во движење“: 70 години балет во Македонија
Foto

„Живот во движење“: 70 години балет во Македонија

Првиот плакат за балетот „Валпургиска Ноќ“, одигран 1949година, богат архивски материјал, фотографии од уметниците и од изведбите, каталози, костими и костимографски скици за претставите, медиумски написи и 19 оригинални плакати за балетски премиери од 7 деценискиот развој на балетот, ќе бидат поставени на изложбата „Живот во движење“, која од утревечер ќе биде поставена во фоајето на Националната Опера и балет.

Крунисувањето на јубилејот, во чиј знак помина целата оваа 2019та година ќе биде со свечена церемонија и гала концерт.

Церемонијално, утревечер, во присуство на сите живи сведоци на развојот на балетот, ќе бидат доделени благодарници на сите кои што придонеле во растот на институцијата, почнувајќи постхумно, за основоположникот на македонскиот балет, Ѓорѓи Македонски па сè до новите генераци, кои со својата работа оставиле белег врз македонскиот балет.

0 Коментари

Остави коментари